Ердоган и Путин ќе разговараат наредните денови за договорот за жито

Ердоган нагласи дека светот ги цени посредничките напори на Туркије помеѓу Русија и Украина.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека наредните денови ќе има телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за иницијативата за жито.

„Ќе имаме телефонски разговор со Путин за два-три дена“, рече Ердоган во интервјуто емитувано во живо на турските канали НТВ и Стар ТВ.

Ердоган, исто така, истакна дека светот ги цени посредничките напори на Туркије помеѓу Русија и Украина.

„За тоа веќе сме признати во светот. Светот зборува за овој успех на Туркије“, додаде тој.

Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина во јули минатата година во Истанбул потпишаа договор за продолжување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црно Море што беше запрен по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година.

Ердоган најави продолжување на договорот во саботата, еден ден пред да истече.

Турскиот претседател потсети и на понудата на Путин бесплатно да прати жито во сиромашните држави.