Ердоган: Турција е подготвена да придонесе во процесот на дијалог меѓу Косово и Србија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот во Истанбул се сретна со косовскиот премиер Албин Курти.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во петокот дека неговата земја е подготвена да го поддржи процесот на дијалог меѓу Косово и Србија доколку тоа биде побарано, јавува Анадолија.

„Турција е подготвена да обезбеди секаков вид поддршка за мирот и стабилноста на нашиот регион и да го даде потребниот придонес доколку страните го побараат тоа“, рече Ердоган на прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти во Истанбул.

Тој рече дека Турција се надева дека процесот на дијалог меѓу Косово и Србија ќе биде завршен на начин што ќе обезбеди траен мир и стабилност во регионот.

Тој посочи дека Турција продолжува да прави напори Косово да дојде до позицијата што ја заслужува на меѓународната сцена.

Во оваа смисла, ние ја поддржуваме визијата на Косово да се приклучи на НАТО, Советот на Европа и Европската унија“, рече турскиот претседател.

Освен за политичките односи, Ердоган рече дека разговарал со косовскиот премиер што можат Турција и Косово да направат на полето на економијата, трговијата, енергетиката, одбранбената индустрија и борбата против тероризмот.

Осврнувајќи се на групата која стои зад обидот за пуч во Турција во 2016 година, Ердоган рече:

„Го замолив мојот драг пријател да вложи дополнителни напори за да ја зголемиме нашата солидарност против активностите на терористичката организација ФЕТО на Косово.

Во однос на економските односи, Ердоган рече дека со договорот за слободна трговија што стапи во сила во 2019 година, двете земји постигнаа позитивен моментум во обемот на билатералната трговија.

„Како земја со најголем извоз во Косово, оваа бројка мора да ја зголемиме на една милијарда евра“, додаде Ердоган.

Косовскиот премиер Албин Курти по средбата со Ердоган изјави дека Приштина секогаш ќе и биде благодарна на Турција за нејзината улога во интервенцијата на НАТО на Косово во 1999 година.

„Оваа интервенција го запре геноцидот врз народот на Косово и беше важна за воспоставување на земјата и одржување на мирот“, рече Курти.

Премиерот на Косово му се заблагодари на Ердоган за поддршката на неговата земја за процесите за членство на Косово во Европската унија и НАТО.

Осврнувајќи се на економските односи, Курти рече дека Турција е еден од најважните економски и трговски партнери на Косово.

„Се разбира, тоа не радува, но не треба да биде доволно. Можеме да ја искористиме нашата досегашна соработка за да постигнеме поголем потенцијал“, рече косовскиот премиер.

Турција го призна Косово на 18 февруари 2008 година, ден по прогласувањето на независноста.

Балканот е приоритет за Турција, не само поради политички, економски и географски причини, туку и поради нејзините историски, културни и човечки врски со регионот.