Жената 9 години носела калцифициран плод во себе и претрпела страшни маки: Починала од компликации

Мајката која девет години го носела каменото бебе починала од разни компликации.

50-годишна Конгоанка отишла на лекување во Њујорк поради грчеви во стомакот и чудните звуци кои и’ се појавувале после јадењето.

Лекарите откриле дека таа носи камено дете, односно калцифициран плод кој престанал да се развива во 28-та недела од бременоста. Иако специјалистите понудиле третман за литопедија, мајката го одбила лекувањето бидејќи верувала дека некој и’ фрлил проклетството во Африка.

Таа почина 14 месеци подоцна поради неухранетост. ,,Каменото” бебе на таа жена постојано и ги притискало цревата, а телото повеќе не можело да ги апсорбира виталните хранливи материи, што довело до гладување, пишува Дејли Мејл.

Коментирајќи го нејзиниот случај, Васеем Соус, специјалист по интерна медицина на медицинскиот универзитет SUNY Upstate, рече:

„За жал, таа почина поради тешка неухранетост, интестинална опструкција поради литопедија и постојан страв од барање медицинска помош“.

Деветтото дете на жената се развивало во пределот на стомакот. Ектопична бременост го попречува снабдувањето со крв на бебето, што предизвикува компликации, а во случај на смрт телото не може да го исфрли плодот.

Несреќната жена од Конго се преселила во Бурунди, а подоцна и во Танзанија. За време на нејзината деветта бременост, таа посетила лекарска клиника во бегалскиот камп откако забележала дека нејзиното бебе повеќе не се движи. Откриле дека на бебето не му чука срцето и дека мора да абортира, но поради заканите од селаните дека ќе го убие детето, кое веќе било мртво, се откажала од абортус.

Таа потоа го носела мртвиот фетус девет години и немала контакт со лекарите сè до прегледот шест месеци пред да биде преместена во САД.

Оваа состојба е забележана само 290 пати во историјата, а првата датира од Франција во 1582 година. Некои мајки пријавуваат сериозни симптоми како резултат на тоа, но други можат да живеат со децении без никакви знаци на состојбата.