Жена правела скара во станот, а потоа отрула 10 луѓе! Фатален 1. мај во Германија – овој потег можел да направи вистински хорор

Вкупно десет лица се затруле со јаглерод моноксид по јадење на скара во германскиот град Валдкрајбург во Баварија, а полицијата покренала истрага против жена (44 г.) која ја подготвувала скарата на балконот, објавуваат германските медиуми.

Како што изјавила осомничената во полиција, откако ја направила скарата на балконот, ја ставила скарата на јаглен во дневната соба и ја затворила балконската врата, што било фатално за присутните.

Жената, тројца членови на семејството, меѓу кои и 14-годишник и 18-годишник и еден спасувач се здобиле со тешко труење со јаглерод моноксид. Двајца соседи и уште тројца спасувачи се полесно повредени, пишува германскиот веб-портал t-online.

Болничарите ги однеле сите десет лица во болница, а жената ќе одговара за телесни повреди од невнимание. По овој случај, германската полиција уште еднаш ги предупреди граѓаните на забраната за печење на јаглен или гас во затворените простории.