Жестока расправа меѓу Маск и познатиот режисер: Американскиот милијардер соопшти колку пари донирал за Украина

Режисерот Стивен Кинг (75), познат по многубројните хорор филмови, апелираше до американскиот милијардер, наместо да наплаќа за ,,сините квачки” на популарните корисници на Твитер, да донира пари за хуманитарни цели во Украина, но што Маск му одговори со контра прашање: „Јас донирав 100 милиони долари Украина, а ти?”.

Сè започна во четвртокот, кога Кинг рече дека неговата сметка има сина ознака за проверка, но тој не платил за да се потврди неговата сметка.

– ,,Добре дојдовте” – му одговори Маск.

„Вашингтон Егзаминер“ пренесува дека Маск рекол дека тој лично платил за некои јавни личности да ја задржат сината ознака. Сепак, Кинг му предложил на Маск да ги искористи парите што ги троши на ,,сини квачки” и да ги даде на фондација која им помага на луѓето во Украина.

– Мислам дека господинот Маск треба да ја даде мојота уплата за ,,сината квачка” за хуманитарни цели. Ја препорачувам Фондацијата Притула, која дава голема помош во Украина. Тоа чини само 8 долари, па можеби господинот Маск би можел да додаде уште малку“, напиша Кинг на Твитер.

Маск брзо му одговори на познатиот автор.

– Донирав 100 милиони долари за Украина. Колку дадовте вие? – го праша Маск, Кинг.

Twitter неодамна воведе платена услуга за корисници кои сакаат да им биде проверена сметката и таа услуга чини 8 долари за поединци и 1.000 долари за организации.