Жиру на лето заминува од Милан

– Напаѓачот на Милан и француски репрезентативец Оливие Жиру би можел на крајот на сезоната да го напушти италијанскиот клуб и да се пресели во Премиер лигата, јавија денеска британските медиуми.

Жиру има договор со Милан до крајот на актуелната сезона, но сè уште нема договорено продолжување на соработката со калчолигашот.

Британските медиуми навеваат дека лондонските прволигаши Вест Хем и Фулам се подготвени да го ангажираат Жиру, доколку францускиот напаѓач не постигне договор со актуелниот италијански шампион.

Жиру (36) дојде во Милан во 2021 година и за италијанскиот клуб досега одигра 68 натпревари на кои постигна 25 голови.