Заедницата на српски општини не може да чека – Хил даде рок

Германско-францускиот план треба да се спроведе до крајот на годината, а Заедницата на српски општини да се формира до летото.

Ова го соопшти американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил. Тој вели дека роковите за формирање на Заедницата на српски општини на Косово(ЗСО) споменати во медиумите се разумни и реални и дека ЗСО би можело да се формира до летото, пишуваат српските медиуми.

„Мислам дека луѓето мора да работат секој ден за да најдат решение. Мислам дека е реално да се предложи тоа да се случи оваа година, затоа мислам дека оваа година е значајна, мислам дека предлогот е позитивен и може да се спроведе“, рече Хил.

Вели дека односите меѓу САД и Србија се подобруваат билатерално, но и на економски план. Наведе дека има големи инвестиции од САД во Србија, но и натаму ќе ги има.

Косово со години ја избегнува обврската за заедница на српски општини.