Западот скапо плати за игнорирањето на разузнавачките податоци

Ако Франција ги сфатеше сериозно своите разузнавачи во пролетта 1940 година, можеби Втората светска војна можеше да има поинаков тек.

Огромна колона германски тенкови и војници кон градот Седан на североистокот на Франција ги направи Германците неверојатно ранливи. Но, зошто Французите и Британците не го искористија тоа?

– Тоа беше најголемиот сообраќаен метеж откако постојат метежи. Француските извидувачки авиони го забележале. Во тој момент било сосема возможно да се договорат британските и француските авиони да почнат да ги бомбардираат, вели Џејмс Холанд, британски писател и специјалист за историјата на Втората светска војна.

– Тие би го запреле германското напредување и би ставиле крај на војната. Сè можеше да се избегне […] но тоа беше пропуштена шанса, смета Холанд.

Повторување на грешките

Осум децении подоцна, се чини дека западните влади ја прават истата грешка: иако разузнавачките агенции предупредија за руски напад врз Украина, во тоа целосно не веруваше ни самиот украински претседател Володимир Зеленски.

Според Нешнл интрест (National Interest), рускиот претседател Владимир Путин го открил планот за напад на Украина долго пред да бидат испукани првите истрели. Во друга статија, Вашингтон пост пишува дека неколку месеци претходно, претставници на администрацијата на Бајден гледале како Путин собира десетици илјади војници и испраќа тенкови и проектили долж украинската граница.

Како што пишува американскиот весник, тогаш на Бајден му било кажано дека разузнавачките податоци за оперативните планови на Путин покажуваат дека се е подготвено за масовен напад врз Украина. Американската разузнавачка заедница имаше свои извори во руското политичко раководство, шпионскиот апарат и војската, од највисоките нивоа до најниските функционери. Податоците укажувале на многу порадикален напад од анексијата на Крим од Москва во 2014 година и поттикнувањето на сепаратистичкото движење во источна Украина. Воените планови на Путин предвидуваа заземање на поголемиот дел од украинската територија. На некои во Белата куќа им било тешко да замислат колкави се амбициите на рускиот лидер.

Во истата статија, Вашингтон пост го цитираше американскиот државен секретар Антони Блинкен и неговата средба со Зеленски во Глазгов, на маргините на меѓународниот самит за климатските промени. Блинкен разговарал со Зеленски за разузнавачките податоци и го најавил рускиот напад, но се чини дека тоа не допрело до крај до украинскиот лидер, поранешен комичар кој наскоро ќе се најде во една од најголемите војни во поновата историја на Европа.

Бевме само ние двајца, на два метри оддалеченост“, изјави Блинкен. „Тоа беше тежок разговор“.

Украинците не можеле да си дозволат целосно да ги отфрлат информациите од американските разузнавачки служби. Но, од нивна перспектива, информациите биле шпекулативни. Според Вашингтон Пост, од една страна, Украинците биле збунети од се погласните американски предупредувања дека доаѓа инвазија, додека од друга, Американците станале фрустрирани од украинскиот скептицизам кон руските планови.

„Престанете да ги игнорирате предупредувањата“

Осум месеци по руската инвазија на Украина, германската разузнавачка служба (БНД) предупреди дека политичарите треба да престанат да ги игнорираат разузнавачките информации.

Говорејќи во Бундестагот во средината на октомври минатата година, директорот на БНД, Бруно Кал, рече дека нападот врз Украина не е изненадување за БНД, отворено критикувајќи го игнорирањето на предупредувањата од германската разузнавачка заедница, кои се „издаваат со години на тема руска надворешна политика“.

– Она што за нас беше резултат на професионално разузнавачки активности шокираше голем дел од јавноста, што пак е резултат на праксата во последните години да се игнорираат предупредувањата на БНД, а укажувањето на реалните закани се нарекува панично и солење памет, рече Кал.

Се разбира, анализата на разузнавањето понекогаш изгледа збунувачки.

– Можно е да има празнина во собирањето американски разузнавачки информации поради што Вашингтон ја прецени способноста на Русија и го потцени одбранбениот капацитет на Украина, рече Тод Волтерс, командант на американските сили во Европа, во своето обраќање пред Комитетот за вооружени служби на Сенатот на САД.

Централната разузнавачка агенција (ЦИА) беше успешна во своите точни предвидувања дека ќе избие руска војна во Украина, додека, од друга страна, не успеа кога предвидуваше многу побрзи и полесни битки за руските сили од она што ќе се случи во Украина.

Во првите часови по руската интервенција во Украина, Вашингтон му понуди политички азил на претседателот Володимир Зеленски.

– Сепак, би ги предупредил луѓето да не го опишуваат ова како неуспех на разузнавањето, изјави претходно за Ал Џезира Џефри Рог, доцент на Катедрата за разузнавање и безбедносни студии на Воената академија Цитадел во Јужна Каролина. „Случајот е многу покомплексен од тоа“, додаде Рог. 

Ал Џезира