Засадени околу 4.000 садници црн бор на штипски „Кумлак“

 Со садење на околу 4.000 садници црн бор на штипски „Кумлак“ почна пролетно пошумување и уредување на населбите низ градот Штип. Вработените во општинската администрација и двете јавни претпријатија беа дел од денешната акција.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов посочи дека садниците ги имаат обезбедено општествено одговорни компании.

-Во периодот, којшто следи ќе започнеме со акции и активности за зачувување на животната средина за пошумување на голите површини околу град Штип, исто така почнуваме и со расчистување на ѓубрете и сметот, како една пролетна акција. Тоа ќе го работиме  во соработка со урбаните заедници, изјави Јорданов.

Тој најави дека од наредната недела почнува и уредувањето на коритото на реката Отиња, кое поминува низ централното градско подрачје, а во кое ќе бидат засадени илјада садници со дрва.

Директорот на ЈП „Исар“, Трајан Коцев истакна дека расадникот на претпријатие за оваа пролет имаат 20.000 цвеќиња и стотина садници на јавор и јасен, кои ќе бидат засадени по парковите, но и површините на влезовите и излезите од град Штип.