Затвореник(27) од Велес починал во Идризово

 Осуденик од Велес починал вчера во затворот Идризово. Младиот затвореник немал видливи траги на насилство, а телото е дадено на обдукација, соопшти МВР.   

-На 03.02.2023 во 15.15 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворот починал осуденикот Д.Х.(27) од Велес. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, се наведува во соопштението од МВР.