Затруени тројца рудари во јама во рудник во Добрево, Пробиштипско

– Тројца рудари се затруле вчера во јама во рудник во село Добрево, Пробиштип каде работеле.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен вчера во 11:30 часот во Полициска станица Пробиштип.

-Во Итната медицинска помош Пробиштип биле донесени З.Н.(43), М.Н.(37) двајцата од село Злетово и Т.Ј.(48) од село Секуларци, кои, според пријавеното, биле затруени во јама во рудник во с.Добрево, Пробиштип каде работеле, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.