За време на прославата во Неапол, убиен синот на еден од лидерите на најмоќната мафијашка организација во Италија: “Повредено повеќе од 100 луѓе!“

За време на прославата за освојување на шампионската титула во Серија А на фудбалските обожаватели од Неапол, 26-годишен син на мафијашки бос бил застрелан, а повеќе од сто луѓе биле повредени, пишува весникот The Guardian.

Винченцо Костанцо, кој имал значително криминално досие, бил убиен за време на прославата на улиците на градот кога Наполи по 33 години повторно стана шампион на Италија.

Тој бил син на Маурицио Костанца, кој се смета за еден од лидерите на Камора, неаполската мафија од областа Понтичели и кој бил осуден за мафијашко здружување. Во инцидентот се повредени уште три лица. Според информациите на полицијата, Винченцо Костанцо починал во болница од прострелни рани.

Обвинителството и полицијата истражуваат дали тој бил намерно убиен од ривалски клан или дали убиството било случајно. Имено, во многу градови во јужна Италија често се слави со пукање од огнено оружје во воздух.

Десетици илјади обожаватели славеа цела ноќ, а многумина и вееја знамиња со ликот на покојниот Диего Марадона, кој беше ѕвезда на Наполи кога градот ја освои својата последна титула во 1990 година.

Во болницата се пренесени повеќе од сто луѓе, меѓу кои и многу млади мажи со повреди на рацете и телото од огномет, како и повредени со ножеви во бројни тепачки. 20-годишна девојка е во критична состојба откако во неа удрил автомобил за време на прослава во Фратамаџоре во провинцијата Неапол, а додека со полесни повреди се здобиле и тројца полицајци.

Без разлика, префектот на НеаполКлаудио Паломба, изјавил за La Gazzetta dello Sport дека – „безбедносниот план направен специјално за оваа прослава успеал“ и додаде дека – „засилениот полициски надзор ќе продолжи следната недела кога Наполи ќе игра против Фиорентина“. Клаудио Паломба исто така кажал дека убиството на синот на Маурицио Костанца не е поврзано со прославите.

Градоначалникот на НеаполГаетано Манфреди, исто така, кажал дека оваа смрт не е поврзана со прославите: „Веројатно тоа било пресметка меѓу мафијашките кланови, а прославата служеше само како параван“.

Инаку, подготовките за прославата започнаа на почетокот на март, додека Наполи се искачуваше по скалата до титулата. Населбите низ градот вложиле сопствени пари во украсувањето на улиците со знамиња и транспаренти во сино-белите бои на тимот.