За еден ден поместен натпреварот на Манчестер јунајтед со Саутемптон

Натпреварот од 27. коло на Премиер лигата Манчестер јунајтед  – Саутемптон е одложен, објавено е на официјалниот сајт на „црвените ѓаволи“.

Натпреварот првично требаше да се одигра на 11 март, а новиот датум за средбата е 12 март.

Натпреварот e поместен за еден ден поради настап на Манчестер јунајтед во осминафиналето од Лига Европа.

Во 1/8 финалето од Лига Европа Манчестер јунајтед ќе се сретне со Бетис. Првиот натпревар ќе се игра на 9 март, а реваншот на 16 март.