За 48 часа противпожарната служба на Грција примила 422 повици поради невремето

 Од средата до шест часот утрово, противпожарната служба на Грција примила 422 повици за помош поради невремето со дожд, снег и силен ветер што ја зафати земјата, објави грчката телевизија „Скај“.

Повиците во главно се однесувале на затнати одводи, спасување од лифтови, сечење дрвја и префрлање на луѓе на безбедни места.

Половина од повиците, односно 210 биле во областа Атика, поширокиот регион на Атина.