ЗБЕСНА И ГИ ШУТИРАШЕ РЕКЛАМИТЕ: Реакцијата на Душко Ивановиќ по тројката на Мадар која го најави распадот на Црвена Звезда (ВИДЕО)

Не можеше да се воздржи…

Белградска Црвена Звезда е поразена во петтото вечно дерби оваа сезона. Овојпат во рамките на 21. коло од АБА лигата, во белградска „Арена“ подобри беа црно-белите со резултат 92:81. Иако црвено-белите имаа, во еден момент, предност од дури 20 поени, и тоа не беше доволно.

Според многумина, клучен момент во пресвртот на Партизан беше украдената топка од Лесор, додавање до Мадар кој погоди тројка за 63:66 во самиот финиш на третата четвртина.

Дека оттаму се ќе тргне надолу, како тренерот на Црвена звезда, Душко Ивановиќ да не можеше да го задржи гневот по оваа тројка.