Зголемувањето на минималната плата ги загрозува социјалните бенефиции, Семејствата во ризик остануваат со исти примања

Со зголемувањето на минималната плата, многу семејства во социјален ризик го губат правото на социјален додаток. Според директорот на Социјалниот центар во Скопје, Лиридон Бафтиу, овие политики не го зголемуваат приходот што едно семејство го добива, туку само го менува концептот.

„Идејата на министерството е ако едно семејство има приход од 14.000 денари, сега има 18.000 или 20.000, а автоматски тој дел од зголемувањето на минималната плата ги покрива и детските додатоци. Значи приходите се исти, само концептот е различен“, изјави Лиридон Бафтиу, директор на Социјален центар Скопје.

ТВ21 го праша одговорното Министерство дали се планира зголемување на прагот за примање социјални надоместоци, но како одговор добивме цитат од актуелниот закон, додека додаваат дека:

„Остварувањето на паричните права од заштитата на децата регулирани во Законот за заштита на децата не е во корелација со Законот за минимална плата. Впрочем, целокупното законско решение за зголемување на минималната плата на 18.000,00 денари е проценка на работата и мотивацијата на работниците, додека целта на социјалната политика е поддршка и заштита на домаќинките/семејствата во социјален ризик кои имаат ниски примања и се материјално несигурни“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму, Бафтиу вели дека се подготвува амандман со кој би се усогласил регулативата за социјалните додатоци со минималната плата.

„Тоа значи дека прагот не треба да биде 14.500 или 15.000 колку што беше минималната плата, а каква е сега регулативата, туку да биде 18.000 или во зависност од зголемувањето на минималната плата. Ако минималната плата стане 20.000, тогаш регулацијата за социјалните додатоци треба да се усогласи со минималната плата“, изјави Лиридон Бафтиу, директор на Социјален центар, Скопје.

Само лани околу 500 деца поради оваа причина останале без детски додаток, додека според неофицијални податоци годинава оваа бројка ќе се удвои.