ЗДРАВИ НАВИКИ- Најбрзиот начин за детоксикација на телото: Пет работи што треба да ги правите секој ден

Здрава исхрана и повеќе овошје и зеленчук е она што ќе ве советува секој лекар и диететичар, а ова се и рецепти за убавина. Меѓутоа, она што често останува занемарено се малите детоксикациски ритуали за кои некако „никогаш немаме доволно време“.

Овие ритуали треба да ги применуваме долгорочно и доследно. Затоа што упорноста и редовноста во здравите ритуали е она што му угодува на телото.

Ова се пет чекори кои треба да ги правите секое утро.

Со дланките тријте го лицето, вратот и ушите

Енергичното будење е нешто на кое не му придаваме важност затоа што брзаме на звукот на алармот и секогаш се грижиме дека ќе задоцниме. Сменете го тоа. Веднаш штом ќе се разбудите, нежно истријте ги дланките една од друга за малку да ги размрдате и да ги загреете.

Потоа нежно тријте го лицето, неколку пати поминете со врвовите на прстите преку веѓите, а потоа продолжете со дланките од брадата до ушите, преку образите и потоа втријте го надворешниот дел од ушната школка.

Испијте млак пијалок по ваш избор

Некои луѓе сакаат да пијат една чаша млака вода со сок од лимон, додека други не сакаат нешто кисело наутро. Слушајте го вашето тело и одберете чај, растително млеко или протеински пијалок, но внимавајте да е млак и пијте полека.

Истријте го телото пред да се облечете

Најдобро е да користите мека четка од природен материјал. Ова не мора да трае предолго, но важно е кожата да се стимулира, и да се поттикне циркулацијата на крвта и лимфата.

Пешачете надвор најмалку 10 минути

Ако имате куќа со двор, ова време веројатно ќе го искористите за да направите нешто, можеби да раширите или собирате алишта, да донесете нешто од градината или да си играте со домашни миленици. Обидете се да се движите што е можно повеќе, свесно да се наведнувате малку посилно, да се истегнете малку повеќе, да трчате малку побрзо.

Доколку немате двор, излезете на тераса и направете неколку вежби за истегнување. Ако немате тераса, отворете широко прозорец, по можност на сонце и дишете длабоко со лесни вежби.

Не јадете додека не огладнете

Многумина ја нагласуваат важноста на утринскиот оброк, но појадокот треба да биде во време кое најмногу му одговара на вашето тело. Најдобро би било да завршите со утринските хигиенски ритуали, па дури потоа да појадувате. Исто така, не заборавајте да внесете овошје или зеленчук во првиот оброк.