ЗЕЛЕНСКИ ПРИЗНА ПОРАЗ! „Од денес Бахмут е само во нашите срца“

Украинскиот претседател призна дека Бахмут e преземен од Русите.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се чини дека признал дека ја загубил битката за градот Бахмут денеска, во недела, кога го прашале дали Бахмут сè уште е под контрола на Киев, пренесува Ројтерс.

– Мислам дека не – изјави тој пред средбата со Џо Бајден во Јапонија.

– Од денес Бахмут е само во нашите срца – додаде Зеленски.

Русија во саботата објави дека целосно го зазела источноукраинскиот град Бахмут, што, доколку е вистина, ќе го означи крајот на најкрвавата битка во 15-месечната војна.

„Тоа е трагедија“, рече Зеленски. „Нема ништо на ова место“.

Нападот на претежно срамнетиот град беше предводен од војници од групата платеници на Вагнер, чиј водач Евгениј Пригожин претходно истиот ден изјави дека неговите војници конечно ги истуркале Украинците од последната населена област во градот.

Киев претходно го отфрли тврдењето на Пригожин.