Зеленски реагира откако Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот ја пофали одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката за правата на децата, Марија Лвова-Белова.

„Денес имаме важна одлука на меѓународната правда. Случај кој има вистинска перспектива“, рече Зеленски и додаде дека „ова е историска одлука што ќе доведе до историска одговорност“.

Украинскиот премиер рече дека истрагата, исто така, сугерира дека Кремљ е директно вклучен во присилната депортација на деца во Русија, пренесува Си-Ен-Ен.

„Нашите службеници за спроведување на законот веќе регистрираа повеќе од 16 илјади случаи на присилна депортација на деца од Украина од страна на окупаторот. Но, реалниот, целосен број на депортирани може да биде многу поголем“, рече тој.

Таква криминална операција би била невозможна без наредбата на највисокиот водач на терористичката држава, додаде 45-годишникот.

Зеленски продолжи да се заблагодари на МКС и на главниот обвинител Карим Кан.

Инаку, досега украинските власти успеале да вратат 300 деца кои биле насилно депортирани во Русија.