Зеленски ја оцени како историска одлуката на Хашкиот суд за апсење на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва ја оцени како „историска“ одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, кој го сомничи за воени злосторства за „депортирање“ на деца од Украина.

„Историска одлука, која го означува почетокот на историската одговорност“, нагласи Зеленски во видео објавено на Телеграм.

Претседателството на Украина претходно денеска ја поздрави одлуката на МКС.

„Тоа е само почеток“, рече шефот на кабинетот на украинското претседателство, Андриј Јермак.

Судот во Хаг објави дека советот за претходна постапка утврдил дека постојат „суштински причини да се верува дека секој од осомничените е одговорен за военото злосторство илегална депортација на население и незаконско преселување на населението од окупираните територии на Украина во Русија, на штета на украинските деца“.