Зеленски: „Ќе го вратиме Крим и ќе воспоставиме мир“

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, порача дека таа земја ќе го врати Крим и ќе воспостави мир, известува Анадолу.

Зеленски на својот профил на Твитер наведе дека Русија го започнала процесот на анексија на Крим пред точно 9 години.

„Руската агресија започна со Крим пред 9 години. Ќе го вратиме мирот со враќањето на Крим. Ова е наша земја, наши луѓе. Ќе го вратиме украинското знаме во секој дел од Украина. Крим ќе биде слободен“, порача Зеленски.