Земјотрес на Нов Зеланд

 Силен земјотрес денеска го потресе Нов Зеланд, но нема информации за материјални штети или жртви, јави ДПА.

Земјотресот бил со јачина од 6,1 степен и бил во близина на главниот град Велингтон, соопшти државната сеизмолошка агенција на Нов Зеланд, Геонет.

Земјотресот се случил во 19:30 часот по локално време на длабочина од 50 километри, што значи дека земјотресот бил сериозно почувствуван, додаде Геонет.

Повеќе од 61.000 луѓе низ целата земја пријавиле дека го почувствувале потресот.

Не се очекува земјотресот да предизвика цунами.

Нов Зеланд сè уште закрепнува од последиците од циклонот во кој загинаа најмалку четири лица и доведе до евакуации, прекин на електричната енергија и оштетување на зградите низ островот.

Според податоците на Геофизичкиот институт на САД, јачината на земјотресот била 5,7 степени.