Земјотрес од 6,5 степени по Рихтер регистриран во Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени е регистриран денеска во провинцијата Нова Британија во Папуа Нова Гвинеја, соопшти Геофизичкиот институт на САД. Земјотресот се случил на длабочина од 65 километри, соопшти Институтот.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со интензитет од 6,2 степени. Епицентарот бил на 29 километри североисточно од Кандријан, град со околу 1.000 жители.

Нема извештаи за жртви или материјална штета. Не е издадено ниту предупредување за цунами