ЗИМСКАТА СУША ЈА ЗАФАТИ ЕВРОПА, РЕКИТЕ И ЕЗЕРАТА ГИ СНЕМУВА: Италијанците пеш преминуваат до островите, во Венеција не можат да возат гондолите (ФОТО)

Зимската суша ја зафати цела Европа, климатолозите предупредуваат на „нова реалност“. Загрозени реки, во Италија нискиот водостој го изложи патот до островот среде езерото.

Неочекуваниот зимски топлотен бран што ја зафати Европа ги пресуши езерата и реките низ континентот. Во Италија , сега можете пешки до островот во езерото Гарда, бидејќи нивото на водата е толку ниско што ‘исплива’ пат до островот.

Топлотниот бран влијае на веќе загрозената состојба на водата во Европа, предупредија во јануари истражувачите од Технолошкиот универзитет во Грац, кои ги анализираа светските залихи на подземна вода со помош на сателитски податоци.

„Пред неколку години никогаш не би помислил дека водата ќе биде проблем во Европа. Но, сега всушност имаме проблем со водоснабдувањето и мораме сериозно да размислиме за тоа“, рече еден од авторите на студијата, Торстен Мејер-Гур.

Франција , која ја доживува најтешката суша во изминатите 60 години, веќе размислува за ограничување на водата. Од 21 јануари до 21 февруари, забележани се 32 дена без „значително ниво на врнежи“ , што е најдолг период од почетокот на евиденцијата во 1959 година.

Сушата ги погодува реките, езерата, но и состојбата на земјиштето кое станува се посуво. Сегашниот водостој во земјава се очекува кон средината на април, а не кон крајот на февруари.

На Алпите падна 63 отсто помалку снег од вообичаено, но доколку нема доволно дожд во следните два месеци, ситуацијата може да стане сериозна.

Францускиот министер за транзиција во животната средина, Кристоф Бечу, ја нарече тековната зимска суша „досега без преседан“ и потврди дека земјата е во состојба на готовност поради оваа ситуација.

Во Италија ситуацијата не е ништо подобра, пишува CNN. Нивото на водата во езерото Гарда е толку ниско што сега можете да пешачите до островчето на езерото . Сушата откри пат кој нормално е на дното на езерото.

Во Венеција, каналите станаа премногу плитки за гондолите да пловат по одредени рути, а најдолгата река во земјата, По, има 61 отсто помалку вода од нормалното за овој период од годината. Минатото лето беше прогласена вонредна состојба околу реката По поради најголемата суша во последните 70 години.исушена река покрај

„Оваа година само што започна, но покажува загрижувачки знаци кога станува збор за сушата и другите показатели за екстремни временски услови“, соопшти италијанската еколошка групација Легамбиенте.

Шпанија минатата година имаше рекордно топло лето и оваа година е загрижена за снабдувањето со вода.

„Не можеме да гарантираме снабдување со вода за пиење или економска употреба, која се потпира исклучиво на дождот“, рече министерката за еколошка транзиција, Тереза ​​Рибера.

За Европа, летните суши не се ништо ново, но два зимски месеци на исклучително суви услови може да сигнализираат нова, загрижувачка реалност за континентот. Поради глобалното затоплување, суши ќе бидат можни и во зима.

„Ваквите услови беа прилично ретки во минатото, но климатските промени ги менуваат режимите на врнежи низ Европа и ги прават овие екстреми поинтензивни и почести“, рече Андреа Торети, климатолог во Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.