Злато за Одермат на спуст на Свесткото првенство

Швајцарецот Марко Одермат е освојувач на златниот медал на денешниот спуст возен на Светското првенство во Куршевел.

Одермат кој е лидер во Генералниот поредок во Светскиот куп, патеката ја мина со време 1:47.05 минута и на Швајцарија и го донесе 14 злато во спуст на Мундијалите.

Второто место и сребрениот медал му припадна на Александер Омод Килде од Норвешка кој за 48 стотинки беше побавен зад победникот.

Александер Камерон од Канада стигна до бронзата. Тој место на победничкиот подиум избори со време 1:47.94 минута, односно 89 стотинки послабо време од Одермат.

Трките на Свесткото првенство 2023 продолжуваат во вторник со тимскиот паралел во мешана конкуренција.