ЗОШТО КАТОЛИЦИТЕ СЕ КРСТАТ СО 5 ПРСТИ? 5 се раните на Исус, ова е значењето зад чинот

Кои се сите разлики помеѓу православните и католиците и зошто католиците се крстат со 5 прсти?

Постојат бројни разлики меѓу православните и католичките верници, а една од најочигледните е начинот на крстење.

Католиците најчесто се крстат со десната рака. Најпрво го допира челото, потоа градите, левото и на крајот десното рамо. Користени се сите пет прсти, симболизирајќи ги петте рани на Исус (две рани низ рацете за време на распнувањето, две низ прободените нозе и прободената страна со копје). Постои и посебен облик на крстење пред читањето на Евангелието на светата миса. Потоа верниците со палецот на десната рака го прават крстот на челото, усните и срцето, што симболично значи: „Зборовите Христови нека бидат во мојот ум, на моите усни и во моето срце“.

Православните христијани, пак, се крстат со три прста: палецот, показалецот и средниот прст, кои ја претставуваат Светата Троица: Бог Отецот, Синот и Светиот Дух. Редоследот е ист како кај другите христијани, се допира по челото, градите, десното, а потоа левото рамо.