Зошто Тина Тарнер се откажа од американското државјанство!? Замина пред 23 години и никогаш повеќе не се врати (фото)

Почина Тина Тарнер – лавица, кралицата на рок музиката, голема сила и вечна инспирација за многумина. Она што го доживеала во својот живот долг 84 години, малкумина би го посакале. Дали беше успешна? Да, имаше голема среќа во љубовта, но трагедиите го одбележаа животот на Тина Тарнер.

Нејзината мајка не ја сакала, сопругот брутално ја тепал, а пејачката ја погодило и смртта на двата сина. Многумина би рекле дека нема поголемо проклетство.

Американката решила да ги напушти Соединетите Американски Држави и никогаш да не погледе назад.

„Ја напуштив Америка затоа што мојата кариера беше во друга земја а и моето момче беше во друга земја. Европа беше таа што ја поддржа мојата кариера и го препозна квалитетот на мојата музика. Моето момче се пресели таму за да води компанија и секогаш сакав да заминам во Швајцарија бидејќи и јас сум многу среќна таму“, рече Тина Тарнер во едно интервју.

,,Во Швајцарија се чувствувам како дома. Не можам да замислам подобро место за живеење”, изјави кралицата на рок музиката, која се откажа од американското државјанство во 2013 година.

Тина уште во 1986 година почна да се гледа со германскиот музички диригент Ервин Бах и се омажи за него во 1993 година.

Иако Бах е 16 години помлад од Тина, двајцата се заљубиле на прв поглед.

По 27 години врска, Тина и Бах се венчаа на езерото Цирих, а Тина го нарече Бах нејзината „природна сила“.

Со зборовите дека ништо не ја врзува за Америка освен семејните врски, таа ја напушти оваа земја без ни да погледне назад.

На предната страна на нејзиниот имот стои метална табла на која пишува: „Не ни помислувајте да ја досадувате Тина Тарнер пред пладне“.