“ИДИОТИ“ – Поранешниот претседател на Русија повторно се заканува: “Москва ќе го раскине договорот за жито ако Г-7 го забрани извозот во нашата земја!“

Поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека Москва ќе одговори со раскинување на договорот за жито од Црното Море, кој овозможува витален извоз на жито од Украина, доколку Г-7 го забрани извозот во Русија.

Земјите од Групата Седум односно Г-7 размислуваат за речиси целосна забрана за извоз во Русија, објавија светските медиуми минатата недела.

Русија постојано се закануваше дека ќе се повлече од договорот за жито, кој истекува на 18. мај.

Оваа идеја на идиотите од Г-7 за целосна забрана за извоз во нашата земја е убава затоа што подразбира реципрочна забрана за увоз од нашата земја, вклучително и категориите на стоки кои се најчувствителни за Г-7“, напиша Медведев во објава на социјалната мрежа Телеграм.

Тој посочи дека во тој случај ќе им биде завршен договорот за жито и многу други работи што им се потребни.

Г-7, наводно, размислува целосно да ја смени стратегијата за санкции, така што извозот во Русија автоматски ќе биде забранет, освен за стоките вклучени во списокот на производи дозволени да се испраќаат во земјата.

Според сегашната рамка, стоките може да се продаваат на Русија, освен ако не се експлицитно на црната листа.