Избодени тројца полицајци! Влегле во куќата на безбедносна проверка, а потоа следувал хорор!

Тројца полицајци се ранети во напад со нож откако се појавиле во куќа на безбедносна проверка во американската сојузна држава Охајо.

Полицијата на Кливленд била повикана на местото на инцидентот во градот Билингем, откако добила повик за проблематичен возрасен маж, пренесе „Мирор“.

Кога пристигнале на местото на настанот затекнале маж со нож кој ги нападнал. Двајца се здобиле со убодни рани, а третиот е расечен. Тие се префрлени во болница каде им била укажана лекарска помош.

За инцидентот во петокот е уапсен 34-годишен маж кој со полесни повреди е пренесен во болница.