Избрани најдобрите фотографии на Анадолу за 2022 година

Најдобрите фотографии на годината на фоторепортерите на Анадолу се избрани со гласовите на 416.746 лица.

Најдобрите фотографии на годината на фоторепортерите на Анадолу се избрани со гласовите на 416.746 лица. Изборот за најдобри фотографии на турската новинска агенција за првпат е организиран во 2012 година. И оваа година избрани се фотографии во три категории.

Најдобрите фотографии во категориите „Вест“, „Животна средина и живот“ и „Спорт“ се бираа меѓу 85 фотографии кои влегоа во потесниот избор.

Во процесот на гласање за најдобра фотографија на Анадолу секоја година учествуваат и официјални претставници од бројни земји, како и познати личности од јавниот живот.

За најдобра фотографија на годината во категоријата „Вест“ избрана е фотографијата „Ноќен лет“ на фоторепортерот Догукан Кескинкилич.

Фотографијата го прикажува настапот на акробатскиот тим на Турското воено воздухопловство пред церемонијата на отворањето на Петтите исламски игри на солидарност во централната турска област Конија, во кадар со Месечината на небото.

Фотографијата на Бестами Бодрук, која ја прикажува учителката Нурсел Ѓундузалп Ѓулсевер и наставникот по природни науки Реџеп Ѓун во посета на децата во руралните подрачја, го зазеде првото место во категоријата „Животна средина и живот“. Тие се обидуваат преку раскажување да им ја доближат науката на децата и да им ја збогатат имагинацијата.

Фотографијата „Бран на радоста“ на авторот Хакан Бурак Алтуноз го освои првото место во категоријата „Спорт“.

Алтунозовата фотографија прикажува средба на првакот на турската Супер лига Трабзонспор со навивачите.

Резутлатите од гласањето се достапни на интернет страниците „aa.com.tr/yilinfotograflari“ и „aa.com.tr/photooftheyear“ на турски и англиски јазик.

AA