Изет Меџити најавува – “Огнената група“ со онлајн петиција ќе бара разрешување на министрите од ДУИ

Со петиција на интернет „Огнената група“ на ДУИ вели дека ќе почне обид за разрешување на Артан Груби и на владини министри. Ова вчера го најави претставникот на групата Изет Меџити  по собирот со граѓани за кој кажа дека покажува огромна бројка на незадоволни во ДУИ.

Денеска е петиција. Утре и задутре сигурно ќе има и други механизми, демократски. Ние сме искусни во политиката, секој ден сме со граѓаните и ќе најдеме начин да победиме и овојпат. Прво рекоа дека само двајца-тројца се незадоволни, после излезе само во Чаир и Сарај. Сега гледаме дека и во Тетово и сегде луѓето, гласачите, структурата се незадоволни од владеењето на Груби и другите“, истакна Изет Меџити во изјава за ТВ Телма

Според него, членовите на ДУИ кои не се согласуваат со  работата на министрите во Владата имаат разни притисоци. Тврди дека веќе неколкумина имаат добиени откази, а дел се под притисок со разни контроли и инспекциски надзори.

Контрадикторен е бидејќи во театарот во Скопје даде рака за помирување, а истата вечер разреши 5-6 функционери коишто различно размислуваат и не враќа во комунизам во политичкото диференцирање, кое што уште постарите генерации го паметат тоа, значи сите кои што не размислуваат како Груби ќе сносат последици и ќе бидат разрешени“, изјави Меџити.

Според „Огнена група“ нивните средби со граѓаните се повеќе посетени и затоа сметаат дека, како што велат, во паника раководството ја смислило кампњата „Тој доаѓа“ за да се дефокусира јавноста.