Израелските сили приведоа 20 Палестинци на Западниот Брег

– Израелските сили приведоа 20 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува „Анадолу“.

Информацијата преку писмено соопштение ја потврди Здружението на палестински затвореници.

Во соопштението се наведува дека израелските сили во утринските часови извршиле рации во различни градови во Палестина.

Според соопштението, како резултат на извршените рации се приведени 20 Палестинци, од кои 15 се приведени во градовите Рамала и Ал Бире.

Инаку, израелските сили често вршат рации во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс и со различни обвинувања приведуваат Палестинци.