Израелските сили убија девет Палестинци во окупираниот Западен Брег

Девет Палестинци загинаа за време на рацијата на израелските сили во мигрантскиот камп во Џенин кој се наоѓа во северниот дел на окупираниот Западен Брег.

Израелските сили за време на рацијата во кампот употребија вистински куршуми и солзавец, по што настана судир меѓу израелските војници и палестинските вооружени групи во подрачјето.

Во писменото соопштение на палестинското Министерство за здравство се истакнува дека во судирот загинале 9 Палестинци, меѓу кои една постара жена.

Од почетокот на годината досега, како резултат на отворен оган од страна на израелските сили, убиени се вкупно 29 Палестинци, од кои 5 деца.

Се соопштува дека израелските војници не им дозволиле на амбулантните возила да влезат во подрачјето за пренесување на повредените и дека намерно фрлале солзавец во Државната болница во Џенин.

Палестинското Министерство упати апел до Меѓународната организација на Црвениот крст и Светската здравствена организација за одржување итен состанок со цел спречување на нападите.

Од друга страна, израелската војска преку писмено соопштение истакна дека извршила рација во една куќа, таканаречена ќелија на палестинската група на отпорот, Движењето Исламски џихад, во Џенин.

Во соопштението се вели дека ја опколиле оваа куќа, при што настанал оружен судир. Се истакнува дека се убиени вкупно 6 лица, од кои 4 во куќата и 2 во бегство, додека едно лице се предало.

Според веста на израелската воена радиостаница, за време на рацијата во Џенин е срушен дрон на израелските безбедносни сили.

Најкрвата година во окупираниот Западен Брег

Инаку, израелските сили во последниот период често вршат рации во различни подрачја во окупираниот Западен Брег и приведуваат Палестинци.

Израелските сили, покрај гумени куршуми, често користат и вистински куршуми во интервенција против Палестинците кои протестираат против овие рации. Меѓу израелските војници и палестинските групи се случуваат судири, особено во Џенин и Наблус.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), во периодот од 2005 година досега, 2022 година била најкрвавата година на Западниот Брег.

Според палестинското Министерство за здравство, израелските сили за време на 2022 година убиле 220 Палестинци, меѓу кои 48 деца. Се истакнува дека 168 од овие Палестинци се убиени во окупираниот Западен Брег, додека 52 се убиени во Појасот Газа кој е под блокада.