Изјавата на Мбапе во пресрет на реваншот од ЛШ која ги ‘затвори устите’ на многу критичари: “НЕМА ДА ВЛИЈАЕ НА МОЈОТ ИЗБОР!“

Килијан Мбапе јасно стави до знаење дека неговата иднина во Пари Сен Жермен (ПСЖ) нема да биде решена според исходот од вечерашниот реванш осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Да ја насочев својата иднина кон Лигата на шампионите, без да сакам да покажам почит кон клубот, одамна ќе заминав. Мислам дека овој натпревар нема да има никакво влијание врз мојот избор. Многу сум среќен што сум овде. Не размислувам за ништо друго освен за успехот на ПСЖ“, изјави Мбапе.

Францускиот напаѓач, за чија иднина во клубот постојано се дебатира, стана најдобар стрелец на сите времиња на ПСЖ во неделата со неговиот 201-ви гол за клубот – и покрај тоа што има само 24 години. Од друга страна, француските медиуми се убедени дека само освојувањето на Лигата на шампионите може да го остави во Париз, бидејќи е познато дека негова голема желба е да игра за Реал Мадрид.

Баерн е најтешкиот можен противник. Ги победи сите седум натпревари во Лигата на шампионите оваа сезона, а на шест од тие седум натпревари не прими гол!

ПСЖ ќе биде многу ослабен бидејќи го нема Нејмар а сомнителни поради повреди се и капитенот Маркињос и Норди Мукиеле.