Илон Маск во улога на Нострадамус – Милијардерот излезе со свое предвидување: “Ако Трамп биде уапсен, убедливо ќе победи на следните избори!“

Сопственикот на компанијата Тесла и социјалната мрежа Твитер, Илон Маск денеска изјави дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп убедливо ќе победи на следните претседателски избори доколку обвинителот на Менхетен му стави лисици и го уапси, пишува Daily Mail.

Доналд Трамп претходно денеска изјави дека ќе биде уапсен во вторник поради обвинувањата дека и платил на порно ѕвездата Сторми Даниелс да молчи за нивната наводна афера.

Минатата недела поранешниот претседател и кандидат за изборите во 2024 година беше повикан да сведочи пред органите на прогонот во Менхетен, а во понеделникот сведочеше неговиот долгогодишен посредник и поранешен адвокат Мајкл Коен.

Тој на својата социјална мрежа, Truth Social, тврдеше дека канцеларијата на Менхетен ќе го уапси за неколку дена и ја нарече истрагата „корумпирана и многу политичка“.