Илон Маск штотуку им зададе тежок удар на Украинците

Starlink не може да се користи како оружје, никогаш не бил наменет за тоа, тврди директорот на компанијата SpaceX

Директорот на компанијата SpaceX објави дека американската компанија го блокирала користењето на својот систем Starlink за контрола на украинските беспилотни летала. Гвин Шотвел рече дека украинската војска повеќе нема да може да го користи сателитскиот интернет на Starlink за да користи беспилотни летала во воени операции.

Starlink треба да се користи само за хуманитарни цели, рече Шотвел, како што е обезбедување на интернет конекција за банки, болници и цивили. „Starlink не може да се користи како оружје, никогаш не бил наменет за тоа“, изјави директорот на компанијата во сопственост на милијардерот Илон Маск , пренесува Ројтерс. Имено, компанијата добила информација дека Starlink го користи и украинската армија, меѓу другото, за контрола на беспилотни летала, едно од главните и исклучително ефикасни оружја во војната во Источна Европа.

„Постојат мерки што можеме да ги преземеме за да ја ограничиме нивната употреба на Starlink за беспилотни летала. Веќе презедовме некои. Знаеме дека војската користи терминали Starlink за да комуницира, и тоа е нормално“, рече Шотвел.

Порталот Медуза, неодамна забранет во Русија, пишува дека Украина добила 30.000 терминали на Starlink. Оваа информација ја презентираше министерот за дигитална трансформација на Украина Михаил Федоров во средината на јануари.

Мрежата на Starlink беше активирана во Украина веднаш по почетокот на руската инвазија. Користењето на мрежата делумно го плаќа SpaceX, а делумно западните земји. Според некои извештаи, украинскиот воен командант Валериј Залужни го коментирал Starlink како „исклучително корисен“. Есента минатата година, сопственикот на компанијата, Илон Маск, побара Пентагон да плати дел од трошоците за Украина да продолжи да го користи системот. Сепак, набргу потоа, тој објави дека SpaceX ќе продолжи да ги обезбедува своите услуги во Украина „иако губи пари“. Сепак, месец и половина по таа објава, цената за услугата во Украина се зголеми, пишува Медуза.