ИЛЈАДНИЦИ ГРАЃАНИ – Турците побрзаа да даруваат крв за повредените во земјотресот

По земјотресот со јачина од 7,7 степени во Кахраманмарас, претседателот на турската Црвена полумесечина Керем Киник ги повика граѓаните ширум земјата да даруваат крв. По повикот илјадници граѓани се упатија кон центрите за дарување крв.

Во градовите низ Турција се создадени долги редици луѓе кои сакаат да даруваат крв. По големиот земјотрес во Кахраманмарас, Црвената полумесечина ги искористи постоечките залихи за оние во погодената област и ги повика граѓаните да даруваат крв за да ги надополнат залихите.

„Почитувани граѓани, крвта е производ на кој може да му истече рокот и не може да се чува долго време. Со ова им се заблагодаруваме на сите добродетели кои денеска побрзаа да даруваат крв“, рече Киник и додаде дека им е благодарен на сите граѓани кои се пријавија на дарува крв..