Илјадници семејства зависат од социјална помош во регионот

Десетици илјади семејства во Албанија, Косово и Северна Македонија се под социјална заштита од државата, додека зголемувањето на трошоците за живот во последниот период најмногу ја погоди оваа категорија граѓани.

Десетици илјади семејства во Северна Македонија, Косово и во Албанија зависат од социјална помош, која за многумина е единствен извор на егзистенција.Зголемувањето на трошоците за живот во последниот период најмногу ја погоди токму оваа категорија граѓани која едвај врзува крај со крај.

Анализата на ТРТ Балкан покажува дека во Северна Македонија околу 36.000 семејства добиваат социјална помош од државата по различни основи. Дел од овие семејства се повеќечлени што укажува дека бројката на луѓе директно зависни од социјална помош достигнува над 100.000.

Број на социјално згрижени семејства Извор: ТРТ Балкан Others

Според податоците на Институтот за статистика на Албанија, над 63.000 семејства се под социјална заштита од државата, врз основа на податоците од третиот квартал од 2021 година.

Во Косово, според податоците на Агенцијата за статистика на Косово, социјална помош користеле 22.980 семејства со вкупно 90.806 членови. Дополнително, 2.921 семејство ја искористи шемата за материјална поддршка за семејства со деца со попреченост.

Дополнителна помош за време на пандемијата

Пандемијата од Ковид-19 и зголемувањето на цените во изминатиот период особено ги погодија најранливите слоеви на општеството, поточно оние најсиромашните. Државите од регионот се обидоа да ѝ помогнат на оваа категорија граѓани преку некои социјални пакети.

Покрај другите мерки, Албанија, Косово и Северна Македонија обезбедија и дополнителна социјална помош за погодените семејства.

TRT Balkan