Инвеститори од Катар се подготвени да платат околу пет милијарди долари за Манчестер јунајтед

Сопственикот на „Катар Исламска банка“, една од најголемите банки во Катар, шеикот Џасим бин Хамад Ал Тани е подготвен да плати 4,82 милијарди долари за Манчестер јунајтед, објавија некои медиуми во Велика Британија.

Претходно се дозна дека купувањето на англиски клуб може да биде рекорд во историјата на спортот. Моменталниот рекорд е 4,5 милијарди долари платени за купување на НФЛ тимот на Денвер Бронкос.

Шеикот Џасим, син на поранешен катарски премиер, стана навивач на Манчестер јунајтед во 1992 година кога имал 10 години и вели дека ќе инвестира во машките и женските тимови, како и во обновата на стадионот, тренинг-базата и околината на „Олд Трафорд“.

Оваа сезона Манчестер јунајтед има 46 бодови од 23 кола и се наоѓа на 3. место во табелата во Премиер лигата.