Индија ја лансираше својата најтешка ракета со 36 сателити

 Индиската Агенција за вселенски истражувања објави дека сите сателити се во предвидените орбити.

Индија денес ја лансираше својата најтешка ракета „Launch Vehicle Mark 3“, која успешно постави 36 сателити во Земјината орбита, објави Индиската организација за истражување на вселената, известува Анадолу.

Во соопштението се наведува дека сите 36 сателити „OneWeb Gen-1“ се во предвидените орбити.

„Во својот шести последователен успешен лет, „Launch Vehicle Mark 3“ понесе 5.805 килограми корисен товар во Земјината орбита“, објави Индиската организација за истражување на вселената на социјалната мрежа Твитер.

Во 9 часот по локално време ова утро ракетата е лансирана од вселенскиот центар „Сатиш Даван“, изграден на коралниот остров Шрихарикота, во индиската јужна држава Андра Прадеш.

Денешната мисија е втора мисија според комерцијалниот договор меѓу „New Space India Limited“, владина фирма, и сателитската компанија „OneWeb“ со седиште во Велика Британија, за лансирање на 72 сателити во ниската орбита на Земјата.

Првиот сет од 36 сателити е лансиран во октомври минатата година.