Инзаги: Знаеме колку е силен Халанд, подготвивме нешто за да го сопреме

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања од финалето на Лигата на шампионите против Манчестер сити.

– Знаеме колку е силен Халанд. Подготвивме нешто за да го задржиме. Но, целиот тим треба да игра добро за да ги спречи Халанд и останатите нивни играчи. Манчестер Сити добро напаѓа и добро се брани. Ќе се обидеме да ја играме нашата игра, го цитира Инзаги „Скај Спорт Италија“.

Дваесет и двегодишниот Халанд оваа сезона има 52 настапи за „граѓаните“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 52 гола и девет асистенции.

Финалето од Лигата на шампионите Манчестер сити – Интер ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот во Истанбул.

Интер го „брка“ четвртиот трофеј, Сити ќе игра за прва титула европски шампион.