Ирвинг: Во Бруклин не ме почитуваа, среќен сум што ќе играм со Дончиќ

Кајри Ирвинг пристигна во редовите на Далас Маверикс како засилување за втората полусезона и битката во плеј-офот. Искусниот плејмејкер и поранешен НБА шампион даде коментар за трејдот во новиот клуб и соработката со Лука Дончиќ.

„Не сум воопшто загрижен како ќе функционираме со Лука Дончиќ. Сакам да играм во клуб кој ме слави како играч, а не кој ме толерира. Во Бруклин често се чувствував како да не ме почитуваат. Исто така се зборуваа многу лажни приказни, а јас сум голем кошаркарски работник. Мило ми е што ќе заиграм со некој од одличните европски кошаркари. Сакамз аедно да го водиме далас, да играме кошарка и уживаме во играта“, кажа Ирвинг.

30-годишникот настапуваше во Кливленд со кој стана првак во НБА лигата, потоа играше за Бостон и Бруклин, па Далас е неговиот четврти клуб.