Исламска држава уби повеќе од 70 војници во Буркина Фасо

– Исламска држава ја презеде одговорноста за убиството на повеќе од 70 војници во Буркина Фасо.

Тие направија заседа и нападнаа воен конвој, а десетици војници беа ранети, а петмина беа земени како заложници.
Бил нападнат конвој што се обидувал да навлезе во област контролирана од екстремистите.

Ал Каеда и Исламската држава во Буркина Фасо извршуваат напади веќе седум години, при што загинаа илјадници луѓе, а околу два милиони се раселени.