Истражување: Повеќето Унгарци веруваат дека постои ризик од трета светска војна

 Повеќе од половина од Унгарците, 54 отсто од нив, веруваат дека постои „реална опасност“ војната меѓу Русија и Украина да ескалира во трета светска војна, а 55 отсто сметаат дека една од завојуваните страни може да употреби нуклеарно оружје, покажува истражувањето кое денеска го објави институтот Незопонт.

Кога избувна војната пред повеќе од една година, многу Унгарци веруваа дека таа наскоро ќе заврши, додека денес само 42 отсто од Унгарците веруваат дека не постои реална закана од избувнување на светска војна, а речиси исто толку (41 отсто) гледаат дека нема закана за распоредување на нуклеарно оружје, објави истражувачкиот центар.

Меѓу оние кои се плашат од светска војна, 81 отсто се плашат и од распоредување нуклеарно оружје, а само 16 отсто мислат дека светска војна би се водела без такво оружје.

Телефонската анкета е спроведена помеѓу 17 и 19 април.