ИТНА ЕВАКУАЦИЈА – Нова силна бура ја погоди Калифорнија: Зад себе остави најмалку две жртви и големи штети! (фото)

Уште една силна бура ја погоди Калифорнија во текот на ноќта, принудувајќи илјадници да се евакуираат и резултираше со најмалку два смртни случаи, бидејќи насипот во крајбрежниот округ Монтереј попушти.

Се надевавме дека ќе ја избегнеме и спречиме оваа ситуација, но пристигна најлошото можно сценарио со излевање на реката Пајаро и пробивање на насипот околу полноќ“, објави на социјалната мрежа Твитер во саботата надзорникот на округот МонтерејЛуис Алехо.

Калифорнија, САД

Во петокот, директорката на Државната служба за вонредни состојби, Ненси Вард, објави дека невремето веќе однело најмалку два животи.

Невообичаено интензивна и навидум бескрајна серија бури ја погодува Калифорнија со недели.

Фотографиите објавени на Твитер од државната Национална гарда покажуваат гардисти како спасуваат жители заробени во автомобили под висока вода.

Најмалку еден пат беше однесен во округот Санта Круз, северно од Монтереј.

На жителите на неколку градови, главно на северот, им беше наредено да се евакуираат.

Најновото невреме се очекува да резултира со уште 20 сантиметри дожд на врвот на веќе заситеното тло.

Најновата бура, дел од моќната атмосферска река, позната како „Ананас Експрес“, која носи топла, суптропска влага од Хаваи, ќе го забрза топењето на огромните снежни наноси на повисоките височини, заканувајќи се да ги влоши и онака тешките поплави.

Гувернерот Гевин Њусом посочи дека Калифорнија „ја користи секоја алатка со која располага за да ги заштити заедниците од немилосрдните и смртоносни бури што ја зафаќаат државата“.

Во невремето во јануари животот го загубија 20 лица.