И ПОЧИНАЛ МАЖОТ А ПОСЛЕ ГОДИНА И СВЕКРВАТА: Се омажив за свекор ми од една причина, но после еден месец се случи нешто непланирано

Кога на социјалните мрежи во 2019 година се појави исповед на жена која се омажи за нејзиниот свекор, никој не можеше да поверува дека такво нешто е возможно.

Имено, таа останала без сопруг, а по неговата смрт, свекорот ја запросил. Еден месец се двоумела дали да прифати и на крајот сепак прифатила поради неговата пензија, но тоа не било се.

– Се омажив за свекор ми, биолошкиот татко на мојот покоен сопруг, поради неговата пензија, но… се случија некои непланирани стари работи.

Откако мојот сопруг го напушти овој свет пред пет години, јас останав сама со четирите сина, сама… Немав никој освен нив. Ми беше многу тешко, се плашев од иднината, од растењето на децата, од обврските.

Минатата година свекор ми ми понуди да се омажам со него, со оглед на тоа што свекрва ми почина една година по мојот сопруг. Се чувствував згрозено кога ми рече да се омажам за него, но потоа се обиде да ми објасни дека тоа е за мое добро, дека ќе ја имам неговата пензија и тоа ќе ми ја реши иднината. Инаку, свекорот има германска пензија и тоа многу добра.

Се мачев еден месец, размислував и конечно се согласив.

Се беше во ред кога станува збор за нашата врска, сепак пред еден месец за прв пат ги преминавме границите на врската свекор-снаа. Иако се венчавме, немавме таква врска, бидејќи бракот ни беше склучен поради неговата пензија, односно така беше до пред еден месец.

Едноставно тоа се случи, ниту тој, ниту јас не се гордееме со тоа, но… ние сме живи луѓе и тие потреби беа посилни од се во тој момент.

Дотогаш пет години немав врска со маж. После се договоривме да го повторуваме одвреме-навреме… Кога ќе се појави потреба можеби звучи одвратно, но подобро е да спијам со него отколку со другите мажи во селото и така да ги посрамотам моите деца и мојот покоен сопруг …  Никој не знае освен ние двајца, свекор ми и јас – заклучила таа.