Каде исчезнаа 13.000 евра? Мистеријата за смртта на поштарот Милош – ова е детаљ кој ги збуни сите

Младиот поштар од Црна Гора, Милош Стаматовиќ (25), државјанин на Даниловград, мистериозно исчезна во декември 2022 година кога тргна да ги исплати пензиите со 15.000 евра.

По овој млад човек активно трагале три дена, а тој бил пронајден во коритото во Ботун со, како што објавија медиумите, врзани раце. Пронајден е и неговиот автомобил во кој се пронајдени меѓу две и три илјади евра, што го наметнува прашањето: „Каде отидоа тие 13.000 евра?“.

Стаматовиќ кобниот ден дошол на работа и ги зњл парите наменети за пензии. Излегол од компанијата, а колегите забележале дека го нема бидејќи не се вратил на крајот од смената.

Во автомобилот што го управувал младиот човек биле пронајдени само меѓу две и три илјади евра.

Но, и покрај овој факт, Вишото државно обвинителство во Подгорица соопшти дека нема основано сомнение дека некое лице сторило какво било кривично дело за кое се гони по службена должност.

– Извештајот од обдукцијата на жителот на Даниловград покажа дека давење е причина за смртта на младиот човек – соопшти тогаш обвинителството.

Од ова може да се заклучи дека младиот човек не бил убиен, туку извршил самоубиство, но многу прашања засега остануваат неодговорени – каде се парите што тој ден младиот ги понел со себе и како Стаматовиќ успеал да си ги врзе рацете.