“КАКВА ЛАГА…“ – На Интернет со голема брзина се шири снимка од патувањето на Владимир Путин во Херсон: “Можно ли е тој вака да се лизна !?“ (видео)

Претседателот на Русија, Владимир Путин, претходниот ден ненадејно ги посети воените штабови во украинските региони Херсон и Луганск, кои делумно се под контрола на руската војска, соопшти во вторникот официјален Кремљ.

Владимир Путин присуствуваше на воениот команден состанок во регионот Херсон за да ги слушне извештаите од командантот на Воздухопловните сили и армиската група „Днепар“ како и од други високи офицери за ситуацијата во регионите Херсон и Запорожје, кои официјална Москва ги прогласи за дел од територијата на Русија.

Во исто време, Владимир Путин им го честиташе Велигден на војниците и им подари копија од иконата „Спасител без раце“, која, како што нагласи, му припаѓа на „еден од најуспешните министри за одбрана на Руската Империја“.

Обраќајќи му се на командантот, генерал-полковник Михаил Јурјевиќ Теплински, Владимир Путин кажа дека може да ја земе иконата со себе во војна. 

Михаил Јуриевич може да ја земе со себе, како што ќе одлучите вие“, кажал рускиот претседател.

Портпаролот на КремљДмитриј Песков, изјави, како што објави медиумската агенција Reuters, дека посетите се одржале во понеделникот, а руските државни медиуми, според Newsweek, објавиле дека патувањето не било однапред подготвено.

Меѓутоа, советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко на социјалната мрежа Твитер објави видео од презентацијата на иконата од Владимир Путин за време на, како што тврди, наводната посета на Владимир Путин на окупираните украински територии и во објавата посочи на интересна изјава од рускиот „автократ“.

Тој кажа: ‘Доаѓа Велигден‘ – што значи дека патувањето било порано“, забележува советнико додавајќи: „Кремљ се обиде да докаже дека тој бил во посета вчера. Димитриј Песков дури даде изјава дека е Велигденска недела“, стои во објавата на социјалната мрежа Твитер.

Инаку, православните верници го прославија Велигден минатата недела на 16. април.

Како што пренесува рускиот независен медиум Medusa, откако ја проучувале видео-снимката од патувањето на Владимир Путин што првично ја дистрибуирала прес-службата на Кремљ, новинарите забележале дека се слуша како рускиот претседател му вели на воениот командант: „Наскоро доаѓа Велигден, нели?“.

Сепак, верзијата на видеото објавено на официјалната веб-страница на Кремљ е изменета за да звучи како Владимир Путин да вели: „Велигден е, нели ?“. 

Според агенцијата за независни медиуми, цитирана од Medusa, оригиналната, недопрена верзија на видеото била заменета „речиси веднаш“. Ова, како што се вели, може да сугерира дека посетата се случила минатата недела а не во понеделникот како што беше објавено.