Како да препознаете дека месото не е свежо: Така секој пат ќе го добивате најквалитетното парче

Купувањето месо во продавниците е секогаш тешка задача, бидејќи без разлика на датумот на истекување, никогаш не сте сигурни дали сте купиле свежо месо.

Една жена на социјална мрежа открила дека секој пат ќе го купувате најсвежото парче месо и тоа нема врска со рокот на употреба.

Таа откри дека постои трик кога станува збор за купување месо, како секој пат да го добиете најдоброто парче пилешко и говедско месо.

„Само мал совет, кога купувате месо и го гледате месото низ пакетот, почувствувајте дали е добро“, им порача таа на своите 25.000 следбеници на TikTok.

Потоа покажа на што треба да внимаваат љубителите на месо. Ако има воздух во пакувањето и се е во меурчиња, таа рече да го оставиме на полиците. Таа инсистираше на тоа дека воздухот во пластичната амбалажа значи дека месото ја променило температурата „премногу брзо“.

„Секогаш избегнувајте да купувате месо што е вака надуено“, советува таа.