КАКО ИЗГЛЕДА ЖИВОТОТ НА СОПРУГАТА НА МИХАЕЛ ШУМАХЕР: “ЖИВЕЕ КАКО ЗАТВОРЕНИК, НЕ МОЖЕ ДА ОДИ НА РУЧЕК ИЛИ НА КАФЕ”

„Тешко е и за Мика. Ако не беше под притисок, веројатно ќе беше многу подобар возач.’

Навивачите на настраданиот Михаел Шумахер долго време чекаа добри вести во врска со неговото закрепнување, но тие никако да стигнат. Легендарниот Формула 1 возач, далеку од очите на јавноста, се опоравува од 2013 година, кога на скијање доживеа страшен пад. Сопругата Корина, која се омажи за Шумахер во 1995 година, се погрижи неговата желба за приватност да се одржи во годините што поминаа.

Меѓутоа, пријателот на германскиот возач Еди Џордан (74) за британски The Sun изјавил дека тоа значи дека таа не може да се дружи поради стравот дека сите постојано ќе прашуваат како е нејзиниот сопруг.

– Ова беше најлошата ситуација за Мик и Корина. Поминаа речиси десет години и Корина сè уште не може да оди на забава, ручек, патување… таа е како затвореничка затоа што сите сакаат да разговараат со неа за Михаел кога таа сака да се излезе барем на момнент од сето тоа.

Џордан беше тој што му го го овозможи големиот пробив во Ф1 кога тогаш 22-годишниот Германец го имаше своето деби со тимот на Гран При на Белгија во 1991 година. Михаел оттогаш ги собори сите рекорди – освои седум светски шампионати и победи во 91 трка додека возеше за Ферари и Бенетон.

– Тешко му е и на Мик кој се обидува да направи кариера во Ф1. Ако не беше под притисок од неговиот татко, веројатно ќе беше многу подобар возач отколку што мислиме. И му треба негов простор и време како на сите во тоа семејство – додава Џордан.

слика

Самата Корина се отвори за целата ситуација во документарниот филм Шумахер на Нетфликс, каде пред камерите кажа како изгледа нивното секојдневие од трагичниот настан.

– Приватното е приватно, како што секогаш велеше. Многу ми е важно тој да продолжи што повеќе да ужива во приватниот живот. Михаел секогаш не штитеше, а сега ние го штитиме него, рече Корина и продолжи:

– На сите ни недостасува, но тој е тука. Различно е, но тој е таму и тоа сепак ни дава сила – подвлече таа.

Никој надвор од внатрешниот круг на Шумахер навистина не знае што се случува со Михаел. Блиските пријатели тврдеа дека им било забрането да се гледаат со него, а тим од адвокати се погрижиле речиси ништо за неговата состојба да не биде споделено со неговите обожаватели.

Еден од ретките на кои му беше одобрена посета на Шумахер е поранешниот претседател на ФИА, Жан Тод , кој во мај 2021 година откри дека го посетува Германецот двапати месечно.

Според Британците, Корина продала вреден имот во Норвешка и семејството се повлекло во својот затскриен дом на брегот на Женевското езеро.